Кривична пријава против неготинец, за користење на јавен простор на „Неготински панаѓур 2023“ наплаќал пари во кеш

Објавено на 3 октомври, 2023 во 15:45

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Неготино поднесе кривична пријава против четириесет и едно годишниот М.Д. од Неготино, поради постоење основи на сомневање дека извршил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” предвидено во член 353 став 1 од Кривичниот законик.

-Имено, пријавениот, во периодот од 14.09.2023 до 21.09.2023, во својство на овластено лице вработено во Општина Неготино, ја злоупотребил службената положба со пречекорување на своето службено овластување, при што на барателите за користење на јавен простор за манифестацијата „Неготински панаѓур 2023“, им наплаќал пари во кеш и на тој начин за себе противправно присвоил парични средства во износ од 98.100 денари, нанесувајќи штета на Буџетот на Општина Неготино, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.