Крводарителска акција во ССОУ „Коле Неделковски“, со највисок број на крводарители во последните пет години

Објавено на 23 март, 2022 во 15:00
Фото: Црвен Крст Велес

Педесет и осум крвни единци биле собрани на денешната, традиционална, крводарителска акција во средното стучно општинско училиште „Коле Неделковски“ во Велес. Оваа бројка е највисока за крводарителски акции во средни училишта во последните пет години. Велешкиот Црвен Крст, со радост информираат дека 32 лица за прв пат дарувале крв и официјално станале дел од најголемото хумано семејство.

Фото: Црвен Крст Велес
Фото: Црвен Крст Велес

– За успешноста на акцијата голема заслуга имаат мотиваторите за крводарителството во ССОУ Коле Неделковски, Златко Здравковски и Горан Богоевски, секако и сите надлежни во училиштето кои им пружија поддршка за реализација на истата, пишува во соопштението на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Велес.

Фото: Црвен Крст Велес
Фото: Црвен Крст Велес

Оваа крводарителска акција заеднички ја организирале Црвен Крст на РСМ – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Фото: Црвен Крст Велес

Во текот на крводарителската акција учествувале и четворица волонтери на Клубот на млади.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.