Лишен од слобода маж од село Богомила, без дозвола поседувал ловечка и две воздушни пушки
Објавено на 18 декември, 2023 во 09:30
Полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, утрото во 07:30 часот, го лишиле од слобода дваесет годишниот Б.Ј од село Богмила.
Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка, две воздушни пушки и неколку патрони за ловечка пушка, кои ги поседувал без дозвола.
-Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк