Лишена од слобода мајка која наговорила малолетен син да одзеде од дедо и поранешен свекор 17.300 евра без негово знаење

Објавено: 23 јули, 2026, во 12:27 часот

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера вечер, ја привеле во Полициска станица Неготино мајката К.Л и нејзиниот 14 годишен син од Демир Капија затоа што добиле пријава од поранешниот свекор и дедо за одземени 17.300 евра без негово знаење.

„На 22.07.2026 во 19:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода К.Л.(36) од Демир Капија и нејзиниот 14-годишен син, постапувајќи по претходна пријава од  нејзиниот 68-годишен поранешен свекор дека неговиот 14-годишен внук, под влијание на неговата мајка, од неговиот дом му одзел околу 17.300 евра и ги однел кај неговата мајка. За настанот бил известен јавен обвинител, Центар за социјални работи и адвокат за малолетници, во чие присуство бил извршен разговор со малолетникот. К.Л. била задржана во полициска станица. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.