Локализиран е пожарот во светиниколско
Објавено: 5 август, 2023, во 17:41 часот
Според информации на директорот на Републички Центар за управување со кризи Стојанче Ангелов пожарот во кој гореше сува трева и ниска вегетација кај Кривчева река во близина на Свети Николе е локализиран.
„Благодарение на локалните пожарникари, на доброволни пожарникари како и на храбрите пилоти на полициските хеликоптери, пожарот во светиниколско е локализиран. Се врши проверка и догаснување,“ рече Ангелов.
Дума.мк
