Локализиран пожарот во Демиркаписко

Објавено на 1 април, 2024 во 14:51

Шумскиот пожар, што го имаше зафатено подрачјето помеѓу селата Барово и Бесвица во  Општина Демир Капија и село Вешје во општина Неготино е локализиран, информира Центар за управување со кризи.

Во пожарот гореше нискостеблеста деградирана шума и дел од борова шума.

На терен се се уште осум пожарникари со три возила  од Територијална противпожарна единица Неготино и четворица вработени од JП ,,Национални шуми”, Подружница Демир Капија.

Огнот во овие два шумски појаси се разгоре, вчера попладне, околу 16:00 часот кога и започна интервенцијата на тим од пет пожарникари со едно против пожарно возило. По пет часовно гаснење пожарникарите во 21:00 часот беа повлечени од терен. Тие продожија со гаснење на пожарот рано утринава.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.