Малолетникот од село Пепелиште пронајден удавен во Вардар

Објавено на 17 август, 2021 во 10:27

Полициски службеници од Полициска станица Неготино, утрово, 17 август, во 06:20 часот,  во атар на село Пепелиште, неготинско, го пронашле телото на малоленикот од село Пепелиште во водите на река Вардар.

-Малолетникот на 15 август околу 16:00 часот, со група малолетници влегов во река Вардар но не излегол, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Телото било извадено од водите на река Вардар а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Неготино.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.