Маж крадел од паркирани вагони кај железничка станица Градско

Објавено на 8 март, 2022 во 10:22

Полициски службеници од ПК Градско, на улица Александар Македонски, кај железничката пруга во Градско, вчера, во 20:00 часот го лишиле од слобода дваесет и две годишниот Д.И од Штип.

– Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ од паркираните товарни вагони, сопственост на АД „Македонски Железници“, соопшти Ристе Самарџиев, портпаролот на СВР Велес.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.