Маж украл пари од манастирот Св. Ѓорѓи во Неготино
Објавено: 16 декември, 2025, во 10:20 часот
Четириесет и четири годишен прилепчанец, вчера, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Неготино по добиена пријава дека крадел пари од манастир во Неготино.
-На 15.12.2025 во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен М.А.(44) од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Веднаш по добиената пријавата, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Убавка Јаневска


