Младите Велешани избираа, поголемиот дел се за одбележување на денешниот празник Свети Трифун наспроти Валентајн (видео и фото)

Објавено на 14 февруари, 2025 во 14:41

На денешната инспиративна работилница која што беше организирана од страна на Mладински центар Велес, „SkillUp“ Академија и Јуроп Хаус Велес пред млади велешани своите инспирации за креирани постери ги споделија студентите од графички дизајн кои исто така зборуваа и за алатките кои им помогнаа во нивниот креативен процес на создавање на трите најдобри постери.

Настанот продолжи со дебата, каде што секој од присутните можеше да сподели свои размислувања и впечатоци како за дизајнот на постерите така и на темата „Што значи љубовта за тебе?“

При изборот, што би славеле на 14 февруари сепак определбата беше за традиционалниот празник „Свети Трифун“ додека потребата од славење на љубовта да се реализира секојдневно, заклучија младите учесници на оваа работилница.  

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.