На Инфективно во Велес 13 пациенти со Ковид-19
Објавено на 16 август, 2021 во 16:55
Еден нов случај на заболен и еден на оздравен од Ковид-19 во Велес, денеска, регистрираат Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство. Со нив бројот на активни случаи се искачи на 55.
Се зголемува бројот на болнички пациенти во Инфективното одделение на ЈЗУ „Општа болница“ Велес. Таму, денеска, се згрижени 13 пациенти. Од нив 9 се потврдено позитивни и 4 пациенти се сомнителени.
На кислородна поддршка се 5 пациенти.
До денеска во Велес се евидентирани 5.535 граѓани со Ковид-19.
Убавка Јаневска