На територија на СВР Велес се возело со над 70 км/ч
Објавено на 26 август, 2021 во 10:20
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден спровеле засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.
-На територија на СВР Велес биле казнети 46 возачи од кои пет возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената, двајца над 70 километри на час над дозволената, стои во соопштението на Министерство за внатрешни работи.
Засилените сообраќајни контроли ќе продожат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот.
Стефани Манева