Најмногу дожд во Демир Капија и Гевгелија, снег во Маврово

Објавено на 1 декември, 2022 во 10:23

Најмногу дож, 55 литри на метар кавдратен, во изминатите 24 часа наврна во Демир Капија, во Гевгелија 47, во Маврово 24, Струмица 19, а 15 литри во Скопје, соопшти УХМР.

Снежна покривка од три сантиметри има во Маврово, а еден сантиметар во Лазарополе. И денска ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег каде што снежната покривка ќе се зголеми. Наместа и особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 л/м²). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени. Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.