Нападнат полициски службеник на улица од жителка на Градско, насилничката ја привеле во Полициска станица
Објавено: 27 јуни, 2026, во 14:18 часот
Триесет и седум годишната жена го нападнала полицискиот службеник, вчера вечер, на главната улица во населба Градско, соошти Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.
„На 26.06.2026 во 19:50 часот, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода М.О.Ш.(37) од Градско, затоа што на улица „Александар Македонски“ во Градско, со тврд предмет нападнала полициски службеник при извршување на службени задачи. Таа била приведена во полициска станица и известен бил јавен обвинител, а по документирање на настанот против М.О.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава,“ пишува во полициското соопштение.
Убавка Јаневска


