Недостига политичко лидерство, знаење и концепт за зелени градови! – Подкаст XYZ со Аце Коцевски
Кои се заканите по здравјето на граѓаните и животната средина? Како градот Велес ја тужеше државата согласно уставното право за здрава животна средина? Како Велес со НВО-ии од Зелената Коалиција ја извојува Зелената Револуција? Дали сме на прав пат и дали навистина дејствуваме за да изградиме зелени градови и зелено општество? Дали имаме политичко лидерство, знаење и концепт за хумани зелени општини како и уште многу пикантни теми и информации слушнете во подкастот со г-дин Аце Коцевски, поранешен градоначалник на Општина Велес во три мандати и поранешен пратеник.
Главна тема на разговорот е зачувувањето на животната средина и изградбата на зелена општина, во согласност со потребните трансформативни практики и препораките на Зелениот Договор на Европската Унија.
Во разговорот во подкастот со г-дин Коцевски можеме да ги слушнеме и конкретните информации како можеме сите да бидеме заштитници на животната средина, како да ја минимизираме загубата на ресурси и да го намалиме влијанието врз климатските промени.
Преку искуство и вештини на нашиoт гостин, ќе истражиме како можеме да изградиме зелена општина како модел за одржлив развој и заштита на природата.
Со фокус на принципите на зелениот развој и со користење на најдобрите практики и иновации истражуваме начини за внесување на промени во локалните заедници, за да ги подготвиме општините за идните предизвици на одржливост и заштита.
Водители на подкастот се: Димитар Андонов, Андреј Теов, Вики Влахчева и Стевче Дечев.
Продуцент и техничко водство: Зоран Ставрев.
Техничка реализација: Димитар Андонов. Асистент: Филип Спиров.
Светло: Панче Спиров.
Уредник: Стевче Дечев.
Фондацијата ве поканува да го слушате Импакт Радио на кое 24/7 се емитува музика, без реклами, вести и негативни содржини, но воедно и ги заследите каналите на интернет и социјалните мрежи:
Импакт Медиа – Импакт Нет Фондација на YouTube
Подкастот е снимен во: Вардар Иновативен Хаб, Велес.
XYZ – Green ambassadors (зелени амбасадори) е когрантиран проект во реализација на Фондацијата Импакт Нет, а е поддржан од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата Млади – агенти на промените, имплементиран од Центарот за Интеркултурен Дијалог – Куманово, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражување и анализи – НОВУС Струмица.
Дума.мк