Недостига политичко лидерство, знаење и концепт за зелени градови! – Подкаст XYZ со Аце Коцевски

Објавено на 24 јуни, 2024 во 10:20

Кои се заканите по здравјето на граѓаните и животната средина? Како градот Велес ја тужеше државата согласно уставното право за здрава животна средина? Како Велес со НВО-ии од Зелената Коалиција ја извојува Зелената Револуција? Дали сме на прав пат и дали навистина дејствуваме за да изградиме зелени градови и зелено општество? Дали имаме политичко лидерство, знаење и концепт за хумани зелени општини како и уште многу пикантни теми и информации слушнете во подкастот со г-дин Аце Коцевски, поранешен градоначалник на Општина Велес во три мандати и поранешен пратеник.

Главна тема на разговорот е зачувувањето на животната средина и изградбата на зелена општина, во согласност со потребните трансформативни практики и препораките на Зелениот Договор на Европската Унија.

Во разговорот во подкастот со г-дин Коцевски можеме да ги слушнеме и конкретните информации како можеме сите да бидеме заштитници на животната средина, како да ја минимизираме загубата на ресурси и да го намалиме влијанието врз климатските промени.

Преку искуство и вештини на нашиoт гостин, ќе истражиме како можеме да изградиме зелена општина како модел за одржлив развој и заштита на природата.

Со фокус на принципите на зелениот развој и со користење на најдобрите практики и иновации истражуваме начини за внесување на промени во локалните заедници, за да ги подготвиме општините за идните предизвици на одржливост и заштита.

Водители на подкастот се: Димитар Андонов, Андреј Теов, Вики Влахчева и Стевче Дечев.

Продуцент и техничко водство: Зоран Ставрев.

Техничка реализација: Димитар Андонов. Асистент: Филип Спиров.

Светло: Панче Спиров.

Уредник: Стевче Дечев.

Фондацијата ве поканува да го слушате Импакт Радио на кое 24/7 се емитува музика, без реклами, вести и негативни содржини, но воедно и ги заследите каналите на интернет и социјалните мрежи:

Импакт Медиа – Импакт Нет Фондација на YouTube

Подкастот е снимен во: Вардар Иновативен Хаб, Велес.

XYZ – Green ambassadors (зелени амбасадори) е когрантиран  проект во реализација на Фондацијата Импакт Нет, а е поддржан од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата Млади – агенти на промените, имплементиран од Центарот за Интеркултурен Дијалог – Куманово, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражување и анализи  – НОВУС Струмица.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.