Неготинец доби кривична пријава, при претрес му пронашле кокаин
Објавено на 28 ноември, 2023 во 10:42
Сектор за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против триесет и три годишниот Ѓ.М од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „„овозможување на употреба наркотични дроги“, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
-На 02.08.2022 во двор на подрачното основно училиште во село Пепелиште, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин, додаваат од МВР.
Дума.мк