Неготинец физички ја нападнал својата сопруга во автомобил
Објавено на 9 август, 2022 во 14:43
Триесет и четири годишниот Д.Ш од Неготино, три часа по полноќ од страна на полициски службеници од ОВР Неготино бил лишен од слобода бидејќи физички ја нападнал својата сопруга.
– Д.Ш (34) е лишен од слобода постапувајќи по пријава според која по претходна расправија во неговиот автомобил физички ја нападнал неговата сопруга, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Лицето е приведено во полициска станица Неготино и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.