Неготинец со мотоцикл удрил во куќа, па избегал
Објавено на 18 мај, 2023 во 12:31

Триесет и три годишниот В.К од Неготино, на крстосница на улица „Ленинова“ со улица „Даме Груев“ во Неготино, управувајќи мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во куќа, по што го напуштил местото.
По незгодата, во болница во Неготино на В,К му биле констатирани тешки телесни повреди.
Случајот во Полициска станица Неготино бил пријавен вчера, во 19:00 часот. Исто така, за настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино.
Дума.мк
