Пријава за семејно насилство во Неготино
Објавено: 3 март, 2021, во 10:14 часот
03.03.2021
Вчера во Полициската станица – Неготино, 69-годишна жена од Неготино, околу 20 часот пријавила физички напад извршен од страна на 40-годишниот сопруг на нејзината ќерка, со кој истата живее во заедничка куќа, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР – Велес.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додава тој.
Мите Јаначков

