Неготинец почина, 95 новозаразени и 1190 активни случаи на Ковид – 19 во Тиквешијата !

Објавено на 17 март, 2021 во 15:21

Kovid 19

Едно лице од Неготино ја изгуби битката со коронавирусот во текот на изминатото деноноќие.

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, за изминатите 24 часа, 95 лица се регистрираат како новоинфицирани со Ковид – 19 во тиквешкиот регион. Имено, позитивни на вирусот се 48 лица од Кавадарци, 36 лица од Неготино  и 11 од Демир Капија.

Како активни случаи во моментов се водат 684 лица од Кавадарци, 437 лица од Неготино и 69 од Демир Капија. Ова значи дека бројот на активни случаи со коронавирус во тиквешкиот регион, во овој момент изнесува 1190 лица.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.