Нови осум болни, во Општа болница Велес хоспитализирани 13 пациенти

Објавено на 17 август, 2021 во 19:27

На Инфективно одделение во велешката болница вкупно се хоспитализирани 13 пациенти. Од нив 12 се позитивни на коронавирусот и еден пациент е сомнителен.

-Од болничките пациенти пет се на кислородна поддршка, соопшти Д-р Елеонора Јованова, портпаролка на ЈЗУ „Општа болница Велес“.

Во последните 24 часа, Институтот за јавно здравје регистрира седум нови случаи на ковид-19 во Велес и еден оздравен. Бројот на активни случаи во градот е 61.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.