Објавена програмата за новогодишниот хепенинг во Велес, од 27 до 30 декември забава за сите генерации, храна и греено вино
Под мотото „Празнично е да си дома – дома е Велес“ се организира неколку дневен новогодишен хепенинг во Велес. Поточно, од 27 до 30 декември велешани ќе може целосно да уживаат во ноговодишната магијата.
Градоначалникот на општина Велес, Марко Колев, соопшти дека новогодишниот базар ќе понуди неколку дневна забава за сите генерации, многу музика, греено вино, храна, маскоти и изненадување на најмладите.
-Нека биде радост, нека биде бајка за комплетна новогодишна магија и празнична атмосфера!, додава Колев.
Новогодишниот базар ќе биде лоциран во Младински парк и програмата ќе започне на 27 декември, среда со почеток во 15:00 часот и ќе трае до 30 декември, сабота.
Во продолжение Ви ја претставуваме целосната програма на новогодишниот базар.
Драги велешани, излезете на новогодишниот хепенинг, забавувајте се и сите заедно да уживаме во новогодишните празници!
Стефани Манева