ОБНОВЕНО: По три часовен застој нормализиран сообраќајот на пругата Гевелија – Скопје
Објавено на 5 мај, 2023 во 14:14
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/05/zeleznicka-gradsko-logo-.png)
Додека траеше увидот на полицијата и јавен обвинител, два товарни и два патнички воза на Македонски железници чекаа на железничките станици на пругата Гевгелија – Скопје.
Според СВР Велес, утрово, во 06:40 часот од ЈП Железници на Република Северна
Македонија било пријавено дека во близина на Градско, возот кој сообраќа на
релација Гевгелија-Скопје, удрил во Ф.С.(62) од Градско.
Од здобиените повреди Ф.С. починал, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увидна екипа од СВР Велес извршила увид на местото во присуство на јавен обвинител, по чија
наредба телото на починатиот било предадено за обдукција.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)