Од денеска се ревакцинираат граѓани и во Здравствен дом Велес

Објавено на 21 јуни, 2021 во 15:48
Вакцинален пункт – Здравствен дом Велес

60 граѓани денеска ја примија втората доза од вакцината „АстраЗенека“,  додека 20 граѓани беа вакцинирани со втора доза од кинеската вакцина „Синофарм“. Ревакцинацијата во Здравствен дом Велес, тече на три вакцинални пунктови. Тие започнуваат со работа во 08:00 часот и ревакцинираат во зависност од бројот на граѓани што се веќе закажани и дополнително информирани со порака од Министерството за здравство.

Д-р Пандели Божиков од Службата за имунизација

– Очекуваме во наредните денови од 50 до 80 граѓани на ден, во зависност од направениот распоред којшто го имаме. Сите граѓани коишто прва доза од вакцината против коронавирусот ја примиле на пунктовите во Здравствен дом, на ревакцинација доаѓаат на време, рече Д-р Пандели Божиков од Службата за имунизација на Здравствен дом Велес.

Здравствен дом Велес

Станува збор за граѓани во чие што вакцинално картонче, при примањето на првата доза вакцина, им е внесен и терминот за ревакцинација. Исто така, сите стари и изнемоштени лица коишто не можат да се појават на пунктовите во Здравствен дом, може да бидат вакцинирани во домашни услови. Член од семејството потребно е лицето да го пријави во Здравствен дом за да го ревакцинира медицински тим од Службата за имунизација, во домашни услови.

Досега во здравствениот дом во Велес, околу  2.000 граѓани имаат примено прва доза од вакцините „АстраЗенека“ и „Синофарм“, таму работат три пунктови. Според Д-р Пандели, ревакцинацијата во јавната здравствена установа во Велес, ќе трае до 19 јули, годинава. Бројот на вакцини е обезбеден од страна на Министерството за здравство.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.