Од утре започнува изградбата на новото училиште во Долно Јаболчиште, во Општина Чашка

Објавено на 23 јули, 2021 во 13:47

Денеска во просториите на Општина Чашка беше потпишан договор за изградба на новото основно училиште во Долно Јаболчиште. Инвестиција на Општина Чашка и Министерство за образование и наука е во висина од 14 милиони денари. Пописниците меѓу кои и Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, изразија спремност за реазлизација на овој градежен објект.

-Изградбата ќе започне од утре од страна на најповолниот изведувач, фирмата „Изгрев-Инжињеринг“ од Велес и тоа во две фази. Првата фаза ќе ја финансира основачот на училиштето на Општина Чашка во висина од седум милиони денари. Втората фаза ќе биде финансирана од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија,  изјави Јусуф Ахмедов, директор на училиштето „Лирија“ .

Во новото училиште вкупно 200 ученици ќе учат од прво до деветто одделение на мајчин албански јазик. Проектот треба да заврши во рок од шест месеци, пренесува Радио Голди.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.