Од утре започнува изградбата на новото училиште во Долно Јаболчиште, во Општина Чашка
Објавено: 23 јули, 2021, во 13:47 часот
Денеска во просториите на Општина Чашка беше потпишан договор за изградба на новото основно училиште во Долно Јаболчиште. Инвестиција на Општина Чашка и Министерство за образование и наука е во висина од 14 милиони денари. Пописниците меѓу кои и Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, изразија спремност за реазлизација на овој градежен објект.

-Изградбата ќе започне од утре од страна на најповолниот изведувач, фирмата „Изгрев-Инжињеринг“ од Велес и тоа во две фази. Првата фаза ќе ја финансира основачот на училиштето на Општина Чашка во висина од седум милиони денари. Втората фаза ќе биде финансирана од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, изјави Јусуф Ахмедов, директор на училиштето „Лирија“ .

Во новото училиште вкупно 200 ученици ќе учат од прво до деветто одделение на мајчин албански јазик. Проектот треба да заврши во рок од шест месеци, пренесува Радио Голди.
Стефани Манева




