Одбележан 17-ти март, денот на Црвен Крст и на крводарителството во Велес

Објавено на 17 март, 2022 во 13:10
Фото: Црвен Крст Велес

Со доделување на признанија на поединци, здруженија и институции коишто во текот на претходната година постигналее резултати со коишто се издвоиле над останатите, Црвен Крст на Р.С Македонија – Општинска организација Велес го одбележа 17-ти март, ден на Црвен крст и Ден на крводарителството во Македонија.

Фото: Црвен Крст Велес

За време на настанот во присуство на голем број волонтери и членови на организацијата, заменик градоначалникот на Општина Велес Коста Нојков, В.Д претседателката на општинската организација Милица Ристовска Темелковска како и д-р Марија Давчева член на Комисијата за здравствено преентивна дејност и крводарителство им ги врачија признанијата на најхуманите граѓани, крводарителите коишто во текот на 2021 година исполниле 50, 75 и 100 крводарувања.

Фото: Црвен Крст Велес

Зоран Несторовски е најхуман граѓанин којшто 100 пати дарувал крв.

Фото: Црвен Крст Велес

Потоа за 75 пати дарување на крв признанија добија седум велешани и тоа: Иле Наумовски,  Јорго Стојановски, Влатко Милошев, Драган Ивановски, Ѓорги Станинов, Оливер Тодоровски и Живко Стојменов .

Фото: Црвен Крст Велес

За 50 крводарувања признанија добија:  Тодорче Јордановски,  Горанче Јордановски,  Марјан Васковски,  Марјан Трајковиќ,  Горан Алексовски, Трајче Ѓошевски, Марјан Наумовски,  Томе Јаневски,   Влатко Стојчевски и Јованче Митровски.

Фото: Црвен Крст Велес

Благодарници за развој и поддршка на крводарителството добија Мото Клубот „Носачи на крстот“, Основната организација од Градско и Локалната установа „Народен музеј“.

Фото: Црвен Крст Велес

Во програмата на одбележувањето на денот на Црвениот Крст и на крводарувањето учествуваа и членовите на балетското студио „Анабела“.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.