Одбележан 17-ти март, денот на Црвен Крст и на крводарителството во Велес
Со доделување на признанија на поединци, здруженија и институции коишто во текот на претходната година постигналее резултати со коишто се издвоиле над останатите, Црвен Крст на Р.С Македонија – Општинска организација Велес го одбележа 17-ти март, ден на Црвен крст и Ден на крводарителството во Македонија.
За време на настанот во присуство на голем број волонтери и членови на организацијата, заменик градоначалникот на Општина Велес Коста Нојков, В.Д претседателката на општинската организација Милица Ристовска Темелковска како и д-р Марија Давчева член на Комисијата за здравствено преентивна дејност и крводарителство им ги врачија признанијата на најхуманите граѓани, крводарителите коишто во текот на 2021 година исполниле 50, 75 и 100 крводарувања.
Зоран Несторовски е најхуман граѓанин којшто 100 пати дарувал крв.
Потоа за 75 пати дарување на крв признанија добија седум велешани и тоа: Иле Наумовски, Јорго Стојановски, Влатко Милошев, Драган Ивановски, Ѓорги Станинов, Оливер Тодоровски и Живко Стојменов .
За 50 крводарувања признанија добија: Тодорче Јордановски, Горанче Јордановски, Марјан Васковски, Марјан Трајковиќ, Горан Алексовски, Трајче Ѓошевски, Марјан Наумовски, Томе Јаневски, Влатко Стојчевски и Јованче Митровски.
Благодарници за развој и поддршка на крводарителството добија Мото Клубот „Носачи на крстот“, Основната организација од Градско и Локалната установа „Народен музеј“.
Во програмата на одбележувањето на денот на Црвениот Крст и на крводарувањето учествуваа и членовите на балетското студио „Анабела“.
Стефани Манева