Патничкиот воз од Велес за Скопје скоро три часа стоел на станица Рајко

Објавено на 29 јуни, 2022 во 15:19
Фото: Патничкиот воз на железничка станица Рајко

Патничкиот воз којшто сообраќа на релација Велес – Скопје, денеска, во 12:10 часот се упатил кон крајната дестинација но половина час подоцна, на првата попатна станица Рајко, застанал и скоро три часа стоел во место.

Револтирани патници до редакцијата на Дума.мк испратија фотографија од возот и кажаа дека скоро три часа чекале да пристигне нова локомотива по што тргнале со возот кон Скопје.

– Возот тргна во регуларно време од железничка станица Велес, но дваесетина минути подоцна застана на станицата Рајко. Ни соопштија дека е расипан и дека треба да почекаме да дојде нова локомотива којашто ќе не влече до Скопје. Поради високите температури од скоро 40 степени дел од патниците почнаа да колабираат. Во 14:45 минути пристигна нова локомотива и се уште патуваме кон Скопје, рече патник.

Дума.мк ќе се обиде одгвор на прашањето што точно се случило да обезбеди од надлежните институции.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.