Почина маж од Ковид-19 во велешка болница

Објавено на 9 февруари, 2022 во 12:13

Починатиот бил на осумдесет и пет годишна возраст од Свети Николе.

Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 66 ковид пациенти од кои 49 се потврдени позитивни, двајца пациенти се сомнителни и петнаесет пациенти се со негативе тест но задржани на болничко лекување.

-На Инфективно одделение се лекуваат 45 пациенти, на Интерно Б одделение 10 и на Физикална – ковид одделението 11 пациенти. Во изминатите 24 часа во ЈЗУ Општа болница Велес примени се тројца пациенти и еден пациент е преместен од Интерно одделение во Физикална – ковид одделението, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова

На кислородна поддршка се 26 ковид пациенти.

Од болничко лекување испишани се четворица пациенти.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.