Почина маж од Ковид-19 во велешка болница

Објавено на 9 март, 2022 во 16:49

Пациентот бил на седумдесет и три годишна возраст од Велес со ковид пневмонија и други коморбидитети.

Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 11 ковид пациенти од кои шест се потврдени позитивни и пет пациенти се со негативен тест но се задржани на болничко лекување.

-На Инфективно одделение се лекуваат осум пациенти и на Интерно Б одделение тројца пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.

На кислородна поддршка се тројца пациенти.

Од болничко лекување испишан е еден пациент.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.