Починаa две лица од Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 17 октомври, 2021 во 18:34
Починатите се маж на 86 годишна возраст лекуван пет дена во Модуларната болница и жена на 72 годишна возраст лекувана 14 денa исто во Модуларната болница.
Денеска во велешка болница се лекуваат вкупно 62 пациенти, од кои 44 се потврдени позитивни, седум се сомнителни и 11 пациенти имаат негативен тест но задржани се на болничко лекување. На кислородна поддршка се 28 пациенти.
Од вкупниот број на пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 32, во
Модуларна болница 22 и на Интерно одделение осум пациенти.
Убавка Јаневска