Починат велешанец од Ковид-19 претходно опериран
Објавено на 1 декември, 2021 во 10:38

Пациентот е на 57 годишна возраст од Велес, со ковид пневмониа и пред седум дена опериран од карцином на бел дроб.
Во велешка болница хоспитализирани се 33 ковид пациенти од кои 21 се потврдени позитивни и 12 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На кислородна поддршка се 15 пациенти, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова.
Во изминатите 24 часа примени се двајца пациенти на болничко лекување и испишани се тројца пациенти.
Стефани Манева
