Починати тројца пациенти од Ковид -19  во ЈЗУ Општа болница Велес

Објавено на 16 февруари, 2022 во 11:18

Починат е маж на осумдесет годишна возраст од Велес со ковид пневмонија со коморбидитети, велешанка на седумдесет и осум годишна возраст позитивна на коронавирусот и со коморбитети и маж на седумдесет и шест годишна возраст од Свети Николе со коморбидитети.

Во велешка болница хоспитализирани се  43 ковид пациенти од кои 29 се потврдени позитивни, четворица се непотврдени и 10 пациенти  се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-На Инфективно одделение се лекуваат 25 пациенти, на Интерно Б одделение седум и на Физикална ковид одделението 11 пациенти. Во изминатите 24 часа преместен е еден пациент од Интерно Б одделение на Физикална – ковид одделението, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.

Од болничко лекување испишани се шест пациенти како оздравени.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.