Починати тројца пациенти од Ковид -19 во ЈЗУ Општа болница Велес
Починат е маж на осумдесет годишна возраст од Велес со ковид пневмонија со коморбидитети, велешанка на седумдесет и осум годишна возраст позитивна на коронавирусот и со коморбитети и маж на седумдесет и шест годишна возраст од Свети Николе со коморбидитети.
Во велешка болница хоспитализирани се 43 ковид пациенти од кои 29 се потврдени позитивни, четворица се непотврдени и 10 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На Инфективно одделение се лекуваат 25 пациенти, на Интерно Б одделение седум и на Физикална ковид одделението 11 пациенти. Во изминатите 24 часа преместен е еден пациент од Интерно Б одделение на Физикална – ковид одделението, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
Од болничко лекување испишани се шест пациенти како оздравени.
Стефани Манева