Полицајци затекнале маж што пред угостителски објект неовластено приредил огномет
Објавено на 12 февруари, 2024 во 10:05
Триесет и две годишниот Д.З од село Пепелиште, неготинско, вчера, во 20:30 часот бил затекнат од полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино додека пред угостителски објект во Неготино употребил пиротехнички средства, поточно неовластено приредил огномет.
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк