Полицијата проверува сообраќајни знаци, пешачки премини и зони, сугерира поставување на „бариери“ на коловози пред основни и средни училиштата

Објавено на 29 август, 2023 во 17:51

Превентивно едукативниот проект „Безбедно од домот до училиштето“, годинава, Сектор за внатрешни работи Велес за прв пат ќе го спроведува во партнерство со надлежни служби на општините Велес, Кавадарци и на Неготино. Отсекот за превенција при СВР Велес во пресрет на новата учебна година од денеска врши проверки на поставени сообраќајни знаци, обележани пешачки премини, особено на сообраќајници околу основни и средни училишта во градот како и пристапи до пешачки зони.

Активностите ќе се спроведуваат континуирано во септември и во октомври, во непосредна близина на основните и средните училишта, во периодот кога учениците доаѓаат и заминуваат од училиштето. За таа цел денеска беше направена обиколка на училиштата во трите општини, фокусирана кон преглед на поставеноста на сообраќајните знаци од вертикална и хоризонтална сигнализација, со кои се олеснува ориентацијата и движењето на учениците како пешаци во сообраќајот во близина на училиштата. Покрај тоа, беа евидентирани најпогодните траси за движење на децата од поодалечените места до училиштата, а на претставниците на локалните власти им беше укажано да се обезбеди проодност до сите пешачки зони на улиците кон училиштата, како и поставување на бариери коишто ќе спречат  директено излегување на децата од училишните дворови на коловозот,“ соопшти СВР Велес.

 Од секторот стигна и Апел до сите учесници во сообраќајот и посебно до возачите:

„Бидете одговорни учесници во сообраќајот, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и со тоа придонесете за заштита на децата во сообраќајот!“

Освен во Велес, полициските службеници вакви активности спроведуваат во Кавадарци и во Неготино.

Ова е особено значајно по несреќата во која загина дете на улица во Велес како и незгодите во кои повредени се деца, ученици,граѓани.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.