Полициски специјалци и алпинисти извлекоа човечки леш од бездна
Објавено на 31 март, 2023 во 12:12
Во заедничка спасувачка акција на полициски службеници на ОВР Неготино, специјалната полициска единица „Тигар“ и двајца алпинисти на Алпинистичко друштво „Скала“ од Струмица, вчера од бездна во местото викано „Просек“ крај Демир Капија го извлекоа човечкиот леш.
Лешот беше пријавен од случајни минувачи во Одделението за внатрешни работи Неготино пред пет дена. Поради специфичноста на местото и непристапноста во бездната извлекувањето се оддолжи се до вчерашниот ден.
По овластување на јавен обвинител лешот предаден е на обдукција.
Дума.мк