Поплавени четири дуќани во Велес, интервенирале пожарникарите
Објавено на 30 ноември, 2023 во 09:34
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/11/veles-logo-2-1-3-1-1-1.jpg)
Регионалниот центар за управување со кризи Велес соопшти дека вчера, од 07:45 до 08:50 часот, велешките пожарникари интервенирале при испумпување на вода од поплавени дуќани.
Од Територијалната противпожарна единица Велес соопштија дека дуќаните се наоѓаат на улица Благој Ѓорев и тројца пожарникари со едно теренско возило со приколка и со две пумпи излегле на лице место.
-По пристигнување на местото констатиравме дека се поплавени вкупно четири дуќани и од истите водата е исцрпена со помош на пумпа, додаваат од ТППЕ Велес.
Оттаму апелираат до граѓаните доколку забележат пожар да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 и 193.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)