Повторно украдена целата опрема за распрскување од фонтаната во Младински парк
Откако пред две седмици беа украдени дизните од обрачот од каде се распрсува водата во фонтатана на Младински парк, по што беа обновени и фонтатана беше пуштена во функција целосно, сега повторно се случила кражба, информираат од Јавното комунално претпријатие „Дервен“.
– Повторно кражба и вандализам врз урбаната опрема. Овојпат украдени се шест прстени за распрскување на водата како и прохромските распрскувачи, односно целата опрема за распрскување, поради што фонтаната од денеска не функционира, објаснуваат од ЈКП „Дервен“.
Оттаму додаваат и дека на 23 јули, била целосно исчистена фонтатана а денеска веќе е преполна со отпадоци како и камења.
Се апелира до граѓаните да повисока свест за заштита на урбаната опрема и јавното зеленило.
Инаку, Дума.мк пишуваше и текст за претходната кражба на дизните од фонтаната покрај која во попладневните и вечерните часови уживаат голем број повозрасни и граѓани со мали деца.