Прегазен маж во Велес, се здоби со тешки телесни повреди
Објавено на 6 јуни, 2023 во 13:02
Дваесет и пет годишниот Д.С од Велес, во понеделникот, во 06:05 часот, на улица „Борис Трајковски“ во Велес бил удрен од автомобил „дачиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од шеесет и две годишниот М.С од Делчево.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес.
-Констатирани се скршеница на зглоб на рака и повреди на глава. Момчето е задржано на лекување во болница, соопштија од велешката болница.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева