Пријателите од „Алзас – Македонија“ повторно во Велес, се сретнаа со млади велешани

Претставници на Асоцијацијата „Алзас-Македонија“ од Република Франција, денеска пред млади луѓе , најголем број активисти на Младински центар во Велес, го промовираа регионот Алзас и разговараа за младинската размена како нов вид на соработка помеѓу двете држави.

Ученици од основните и средни училишта во Велес имаа можност да се запознаат со Алзас, препознатлив како регион кој привлекува милиони туристи на винскиот пат, но и со познатата манифестација „Божиќ во Алзас“ кога регионот се претвора во вистинска новогодишна бајка. Пријателот на Македонија и на Велес, Жак Шлеф ги запозна младите луѓе со можностите за патување, сместувачките капацитет и културните споменици кој се значајни да се посетат при престојот во овој француски регион.
-Повратниот билет со авио коомпанијата „Wizz air“ до Стразбур чини 40 евра додека сместување во младински хостел во градовите на Алзас за млади луѓе чини од 5 до 25 евра. Нашиот регион овозможува попусти и за влезниците во културните институции и споменици за младите луѓе, рече Шлеф.

Младинскиот работник во Младински центар Велес, Ивана Јордева ги запозна француските пријатели со работата , активностите и плановите за развивање на центарот.

Потоа преставниците на Фондација „Фокус“ и гостите од Асоцијација „Алзас – Македонија“ договараа нови начини на соработка преку аплицирање на проекти кои се однесуваат на младите луѓе од Велес, Македедонија и од Алзас, Франција.
Убавка Јаневска
