Во велешка болница примени четворица новозаболени и испишани шест оздравени пациенти од Ковид-19

Објавено на 27 ноември, 2021 во 13:54
Фото: Дума.мк

Од вкупно 33 пациенти коишто се наоѓаат на лекување денеска ковид позитивни се 27 пациенти. Во болницата има двајца непотврдени и исто толку пациенти со негативен тест.

Во изминатите 24 часа примени се четворица новозаболени додека шест пациенти се испишани од болничко лекување. На кислородна поддршка се 13 ковид болни.

Според портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова од вкупниот број на ковид болните на Инфективно се лекуваат 18, во Модуларна болница 13 и на Интерно одделение, на Б оддел, двајца пациенти.

Убавка Јаневска   

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.