Притвор за велешанецот фатен со марихуана на наплатна станица „Сопот“

Објавено на 16 септември, 2022 во 12:30

Триесет и осум годишниот велешанец С.Д доби притвор 30 дена откако Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против него за основано сомнение за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-На 14 септември, осомничениот неовластено набавил 489,4 грама наркотична дрога марихуана од две засега непознати лица од Скопје.  За дрогата платил 80.000 денари и ја ставил во својот автомобил спакувана во ќеса, по што се упатил кон Велес. На наплатната станица Сопот полициски службеници извршиле проверка на возилото и ја пронашле дрогата, пишува во соопштението на ОЈО Велес.

Поради опасност од бегство, можност за влијание во постапката како и можност за повторување на постапката, јавен обвинител до судија достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот С.Д му определи притвот во траење од 30 дена.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.