Притвор за велешанецот фатен со марихуана на наплатна станица „Сопот“
Триесет и осум годишниот велешанец С.Д доби притвор 30 дена откако Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против него за основано сомнение за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.
-На 14 септември, осомничениот неовластено набавил 489,4 грама наркотична дрога марихуана од две засега непознати лица од Скопје. За дрогата платил 80.000 денари и ја ставил во својот автомобил спакувана во ќеса, по што се упатил кон Велес. На наплатната станица Сопот полициски службеници извршиле проверка на возилото и ја пронашле дрогата, пишува во соопштението на ОЈО Велес.
Поради опасност од бегство, можност за влијание во постапката како и можност за повторување на постапката, јавен обвинител до судија достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот С.Д му определи притвот во траење од 30 дена.
Стефани Манева