Приведен маж од Кавадарци, возел пијан, не пропуштал пешаци, а имал и забрана за управување возило

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работа Кавадарци, вчера вечер, во 23:30 часот го лишиле од слобода Љ.А.(40) од Кавадарци. Приведениот на улица „Илинденска“ во Кавадарци управувал патничко возило „пасат“ со бугарски национални ознаки со голема брзина и не пропуштил пешаци на обележан пешачки премин.
-Од страна на полициски службеници бил сопрен и возилото било привремено одземено по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Од извршените проверки било утврдено дека лицето го управувало возилото под активна забрана за ,,Б“ категорија, а воедно е утврдено дека има 1.7 промили алкохол во крвта, соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Приведениот Љ.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Убавка Јаневска
