Приведен велешанец којшто превезувал мигранти
Триесет и четири годишниот М.Б од Велес во возило „крајслер“ со штипски регистарски ознаки превезувал 16 лица мигранти од Сирија од кои тројца малолетници. Тој на автопатот „Пријателство“ кај село Костурник не застанал на дадениот знак СТОП од страна на полициски службеници и припадници на Армија на Република Северна Македонија и продолжил да вози кон селото Ваксице.
– Во селото тој изгубил контрола и удрил во брег до патот, по што се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода. Притоа, при излетувањето на возилото од патот, четири лица мигранти се здобиле со повреди и им била укажана лекарска помош во болницата во Куманово. Со повреда, исто така, се здобил и припадник на Армија на Република Северна Македонија при преземање мерки, по што и на него му била укажана помош во болницата во Куманово, пишува во соопштението на Министерство за внатрешни работи.
Велешанецот М.Б бил лишен од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор „Сопот“ вчера, во 13:00 часот во селото кон кое побегнал, поточно Ваксинце, Општина Липково.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека мигрантите биле пренесени во Транзитен центар во Табановце, додека велешанецот М.Б е приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева