Сообраќајка со тешки телесни последици во Речани и приведен велешанец за издржување на затворска казна
Објавено: 25 мај, 2026, во 12:08 часот
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес, во текот на вчерашниот ден, лишиле од слобода триесет и пет годишен велешанец кој за извршена тешка кражба не отишол на издржување затворска казна во затвот „Идризово“ . Тие, исто така, интервенирале и при случена сообраќајна незгода со тешки последици во населба Речани.
„ На 24.05.2026 во 11:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа А.Р.(35) од Велес, врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување на казна затвор од шеснаесет месеци, за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 24.05.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 16:45 часот, на регионалниот пат езеро Младост-Велес, во близина на крстосница на улица „Академик Пенчо Давчев“ со улица „Димитар Андонов Папрадишки“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.К.(35) од Велес и патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(45) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило и сопатниците во возилото 47-годишната Т.Д. и 16-годишен малолетник, констатирани во Општа болница Велес. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа на СВР Велес, соопштија од полицијата.
Убавка Јаневска


