Приведен возрасен велешанец кој допирал 18 годишна велешанка
Објавено на 20 мај, 2025 во 13:44

Шеесет и едно годишниот А.Ѓ од Велес, ноќеска скоро три часа по полноќ бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес.
Како што пишува во дневниот билтен велешанецот е лишен од слобода по претходна пријава дека во тоалет во угостителски објект во градот допирал 18-годишна велешанка.
-А.Ѓ. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролката на СВР Велес.
Дума.мк
